Медот има антибактериски својства и се препорачува за кожа склона на акни, а кафеавиот шеќер е одлична подлога за пилинг, бидејќи е доволно благ да не ја оштети кожата.
Измешајте две третини од јогурт и третина мед во мал сад. Со маската премачкајте го лицето и оставете да делува 15 минути, па исплакнете со топла вода. Оваа маска против стрес е богата со пробиотици од јогуртот кои на кожата и го враќаат свежиот изглед и еластичност. Маските, кремите и пилинзите се задоволство за кожата, но тој луксуз може да се одрази и на вашиот паричник.
За сепак да успеете бањата да ја претворите во сопствен спа центар, а притоа да не банкротирате, едноставно послужете се со намирниците од кујната. Покрај тоа што ќе поминете поевтино, ќе употребувате препарати во кои нема непожелни хемикалии.
За моментално расположение направете тоник од нане. Загрејте литар и пол вода и прелијте преку десетина листови нане. Чувајте ги во топла вода десет минути, а потоа процедете преку памучна газа. Оладете го тоникот, и истурете го во пластично или стаклено шише. За да го исчистите и тонизирате лицето, употребете памук. Пред спиење или секогаш кога ќе се чувствувате уморно, нежно натапкајте го тоникот на исчистено лице.
Сода бикарбона ја чисти, а медот ја храни кожата на лицето
змешајте една лажица мед и една лажичка сода бикарбона. Во смесата додадете неколку капки вода за да добиете паста која ќе можете лесно да ја нанесете. Измасирајте со нежни кружни движења. Оставете да делува некоја минута за медот да ја нахрани кожата и исплакнете со топла вода.
Сладок пилинг за целото тело
Измешајте две третини од млеко со една третина од кафеав шеќер и неколку капки екстракт од ванила. Во туш или када, применувајте нежни кружни движења со пилингот од глава до петици. Исплакнете со млака вода.
Маска за сјај на кожата на лицето
Земете неколку парчиња тиква, сварете ги и испасирајте за да добиете пире. Потоа две лажици од пирето помешајте со половина лажица мед и половина лажица млеко. Нанесете на чисто лице, оставете да делува 20 минути и исплакнете со топла вода.