Некогаш дом на кралските семејства, а денес едно од најпосетените места во Франција, дворецот Версај би можел да добие луксузен хотел со цел да се подобри финансиската состојба на комплексот.
Менаџментот на дворецот Версај објави тендер за изградба на хотели во три згради (Гран Контрол, Петти Контрол и Павиљон) од осумдесетите години на 17 век кои се наоѓаат надвор од портите на Паркот на Версај, со поглед на накои од неговите најпознати згради.
Се проценува дека ќе бидат потребни помеѓу четири и седум милиони евра за реновирање на зградите и изградба на хотелите во нив.