За тоа дека е вистинска поп-дива и со право најголема светска ѕвезда во моментот, Бијонсе се докажа и на Греми вечерта посветена на Стиви Вондер.
Гламурозна, секси, моќна како и секогаш, ги изведе големите негови хитови „Fingertips“, „Master Blaster (Jammin)“ и „Higher Ground“.
На сцената беше придружувана од Ед Ширан и Гери Кларк Џуниор. Деветминутниот перфектен настап ја крена целата публика на нозе и дефинитивно ги надмина останатите ѕвезди кои се појавија вечерта како Ени Ленокс, Андреа Бочели, Тони Бенет, Ариана Гранде, Џон Леџенд и многу други.
Погледнете го нејзиниот настап:
https://vimeo.com/119815910