Ако напорно работите на тоа да водите здрав живот, тоа е добра работа. Грижата за себе е најдобар начин на телото да му ја дадете поддршката која му е потребна.
Меѓутоа, понекогаш кога го славиме нашето тело – без разлика дали споделуваме слики од губење на килограми или испакнати мускули, потсвесно испраќаме депресивна порака.
Речиси секоја од тие „пред и потоа“ фотографии крие една заедничка работа – трансформација на некој кој го мрази своето тело во личност која конечно го „сака“.
Ова го поставува прашањето: Ако претходно не сме го сакале своето тело, како можеме да бидеме сигурни дека засекогаш ќе го сакаме она што го гледаме после трансформацијата?
Тука на сцена настапува приказната на Терин Брумфит. Таа е мајка на три деца и одлучила да се избори на крај со изгледот на своето тело кое го презирала со години. Таа се пријавила на боди-билдинг натпреварување како начин за да ги изгуби килограмите и да дојде до тело какво што отсекогаш сакала.
А потоа, се случило нешто сосема лудо. Терин сфатила дека губењето на килограмите не било еднакво на стекнување самодоверба.
„Имав совршено тело. Но, знаете што? Ништо не се промени. Начинот на кој го доживував остана ист“, тврди таа.
Повеќето луѓе мислат дека со промена на својот физички изглед ќе променат и многу други работи. Но, во реалноста, ако не го сакате тоа што сте, таа омраза само ќе продолжи да расте секој пат кога ќе се погледнете во огледало.
Со ова на ум, Терин на целосно друг начин се обидела да покаже што значи вистинскиот однос кон телото со своите „пред и потоа“ фотографии – но, откако ги вратила своите килограми.
Терин сакала да му покаже на светот дека не е важно колку им изгледате секси на другите, туку како си изгледате самите на себе.