Човечкиот ум најчесто нè наведува премногу да размислуваме пред да направиме било што. Колку пати сте се прашувале, дали да му/и се јавите…
…сте си донесувале сами заклучоци без разговор, сте се плашеле дека ќе го/ја загубите, сте стравувале од осаменост, сте имале еден куп непроспиени ноќи…
Во принцип како знае најчесто да изгледа оваа ситуација:
Тој:
Ја видов денес. Тој момент ми изгледаше како цела вечност. Изгледа подобро од порано. Ја прашав како одат работите. Би направил се за да бидам повторно со неа. Не сакам да ја гледам како плаче. И кажав дека ми недостига, и го мислев тоа. Ја сакам. Ја гушнав за последен пат. Си заминав дома и се расплакав…ЈА ИЗГУБИВ..
Таа:
Го видов денес. Се прашувам дали се уште му е грижа за мене. Не можев да ги тргнам очите од него. Го прашав за новата девојка. Веројатно е многу среќен сега. Не можеше дури ни да ме погледне. Ми рече дека му недостасувам…знам дека е лага тоа..Тој ја сака својата девојка. Ми даде пријателска прегратка. Тогаш си заминав дома и се расплакав…ГО САКАМ…
Не ги пропуштајте шансите во животот. Она што го мислете кажете го, разговарајте за нештата…утре можеби веќе нема да имате шанса за истото!