Имате проблем со станувањето наутро? Не грижете се… не сте единствени. Поранешната премиерка на Британија, Маргарет Тачер спиела само четири часа, додека на Алберт Ајнштајн му биле потребни три пати повеќе часа сон. Едно ново истражување на научниците од универзитетот Единбург сугерира дека причината зошто на некои луѓе им е потребно повеќе сон отколку на другите е во гените.
Истражувачите откриле варијација на генот ABCC9, за која мислат дека може да објасни зошто на некои луѓе и се потребни повеќе часови спиење. Еден од пет Европјани ја има варијантата на ABCC9 која е вклучена во детектирањето на енергетските нивоа на клетките во телото. На оние со „прекинувачот за спиење“ им се потребни околу 30 минути повеќе одмор секоја ноќ отколку на останатите кои на немаат оваа варијанта на генот.
Научниците од Единбург работеле заедно со истражувачите од универзитетот Ludwig Maximilians од Минхен на истраувањето на гените на винската мушичка и човековите шеми на спиење. Мушичките без генот ABCC9 спиеле три часа помалку од нормалното, додека луѓето кои го имаат овој ген спиеле подолго од просечните осум часа.
Повеќе од 10.000 луѓе низ Европа учествувале во истражувањето, обезбедувајќи информации за тоа колку часа спијат секоја ноќ и испраќајќи примерок од крв за ДНК анализа. Сонот бил мерен во викендите кога луѓето не мораат да стануваат порано за да одат на работа или не работата во смени.
Д-р Џим Вилсон од универзитетот Единбург вели дека спиењето игра многу важна улога за нашето здравје и додава: „Јас бев зачуден кога ја најдовме оваа варијанта на генот, имајќи ги предвид очигледните здравствени проблеми кои се јавуваат како последица од недостатокот на сон“.
Истражувачите исто така откриле дека должината на сонот на луѓето честопати
се поклопува во семејството, и покрај фактот што на количината на сон влијаат годините, георафската ширина, годишните времиња и 24 часовниот ритам на поединецот.