
Кристи Бринкли минатата година се појави на насловната страница од магазинот „People” во 60-тата година од животот, во костим за капење. Коментарите дека нејзината убавина е последица на фотошоп го следеа тоа издание. Една година подоцна, Кристи се појавила во Њујорк, поубава од било кога, без фотошоп.

Њујорк пред неколку вечери беше место на една луксузна забава, а Кристи била една од специјалните гости. Ѕвездата на „Sports Illustrated” плени со некој посебен сјај.

Во седмата деценија не се откажува од заводливи тоалети, а и не треба. Нејзиниот изглед ѝ го дозволува тоа.

Оваа мајка на три деца е позната и по заводливата насмевка која секогаш ја има на лицето кога ќе се појави во јавност. Нема сомнеж дека и таа насмевка е „виновникот“ за нејзиниот заносен изглед.