Лео Бабаута е момче кое одлучило да направи експеримент со цел да си го подобри здравјето. За почеток, цел месец престанал да пие кафе и пијалоци со кофеин.
Признава дека било тешко и речиси невозможно, на неколку пати дури размислувал да се откаже од експериментот.
Но еве што забележал кога се одвикнал и сфатил дека нема потреба од кафе:
1. Очекувал симптоми како што се главоболка, замор и слабост, но се изненадил, бидејќи немало ништо слично. Лео често се буди свеж пред алармот и имал многу концентрација од утрото.
2. Единствениот проблем за него бил мирисот на кафе. Кога гледал како другите пијат кафе, имал желба и тој да проба. Но и тоа го издржал.
3. Најголем проблеми имал по мрсните и солени јадења. Жедта ја гасел со вода, но немал потреба од силно кафе веднаш после јадење.
Што научил Лео само по 1 месец без кафе?
“Мислев дека откажувањето ќе ми биде многу потешко отколку што навистина беше.
Но да имаш навика, со која да го замениш утринското и попладневното кафе навистина помага.
Кога ќе доживеете акутна потреба од кафе, можете да го замените со чаша топол и вкусен чај. Парче пица или кифла? Зошто да не?
Уште една важна работа – сега гледам дека потребите се минливи, дури и најсилните. Од голема помош е ако јавно го кажете Вашиот предизвик.
Ако вашите колеги, пријатели и членови на семејството знаат дека избегнувате кофеин, на секој можен начин, ќе Ви помогнат. За почеток, нема да Ви понудат кафе, ниту ќе пијат поблиску до вас. И верувајте, тоа е од клучно значење за да издржите. “