Не успеало, затоа што не било она вистинското!

popara4 октомври, 20151min00
14

Кога само би го знаеле ова (и применувале) од почетокот на дејтинг кариерата, животот веројатно би ни бил многу, многу полесен!

1.Не постои временски лимит за преболување

Сите имаат тука една упорна другарка која кажува работи како: Мораш да го преболиш за половина време од должината на врската, или нешто слично. Луѓето имаат потреба да си наметнат себе си рокови, бидејќи едноставно е неподнослива мислата дека тагата би можела да тре вечно. Меѓутоа, временската граница на видик, може само да ги отежни работите, затоа не се оптеретувајте со рокови и пуштете своите рани спонтано да се залечат- колку и да им е потребно време.

2.Тоа не е кукање

Кој и да ја нарекува тагата „кукање“, веројатно никогаш не бил оставен. Тоа е здраво и нормално чувство на кое имате право и од кое не треба да се срамите.

3. Толку е лесно да се залажувате себе дека сте преболеле

Тоа што упорно повторувате дека сте кул, не значи дека сте. Ова е ефект, познат по сценариото: Тотално сум океј со тоа, ние сега сме добри пријатели, зборувај ми за твојата нова девојка, потполно сум кул, таа е бивша манекенка, а сега работи во адвокатска канцеларија, woow тоа е сјајно, се радувам за вас, ми се тресат нозете.. мислам дека ќе се онесвестам..

4. Навистина ви е потребно и Фејсбук раскинување

Верувајте, не сакате да го следите неговото движење од ден на ден.

5. Упатеноста во неговиот живот ќе ви ги уништи емоциите

Во врска со претходната ставка! Хеј, ставил нова слика на Инстаграм, бил во Прага, насмевката му е од едното до другото уво, покрај него седи згодна девојка, ми треба пијалок веднаш..

6. Не сте вие виновни

Не е точно дека не сте биле доволно добри за него или нешто сличо. Не постои таква причина!

7. Понекогаш не е ни тој виновен

Затоа што работите никогаш не се црни или бели, туку повеќе сиви. Разбираме, полесно е да обвините друг, но подобро е да ја прифатите вистината.

8. Крајот воглавно е мит

После прекинот често чувствуваме како да останало уште нешто да се каже, но суштината е во тоа дека- не е ! Не надевајте се на романтичен холивудски крај во која се прегрнувате и со љубов се опростувате, посакувајќи си се најдобро во животот. Само залудно ја продолжувате агонијата, наместо веќе да сте во фаза на преболување која подразбира „давење“ во сладолед од чоколада.

9. Забранете си себе пијана комуникација!!!

Ни смс, ни Вибер, ништо. Дадете го својот телефон на најдобрата другарка кога пиете малку повеќе.

10. Не бидете кучка спрема неговата нова девојка

Тоа е лоша карма. Ок, секако дека твитовите и се глупи и косата очајна, но сигурно имате и некоја друга тема за разговор кога пиете кафе со другарките.

11. Резимирајте реалистично

Ако повеќето од времете во врската сте го поминале вознемирено, нервозно или загрижено поради личноста со која се гледате, тоа значи дека е сјајно што сте раскинале. Знаете како вели комичарот Luis CK: „ Разводот  е секогаш добра вест. Знам дека тоа звучи чудно, но е вистина дека ниеден добар брак никогаш не се завршил со развод“. Луѓето би требало да ви честитаат што сте излегнале од нездрава врска, а вие би требало да чувствувате олеснување. Навистина.

12. Радувајте се, станавте попаметни

Конечно свативте што сакате, а што не сакате во врска.

13. Колку вредите нема врска со него

Кој и да е тој, вие не вредите помалку без него, како што не сте ни вределе повеќе со него.

14. Тој не е толку фантастичен како што мислите

Навистина не е, а тоа ќе го сватите кога повторно ќе се заљубите. А тоа ќе се случи наскоро.

15. Понекогаш е невозможно да раскинете пријателски

И тоа е ок.

16. Негативните емоции можат позитивно да се свртат.

Вежбајте, чистете ја куќата, останете подолго на работа и завршете го проектот. Наместо да пиете повеќе, пушите премногу, плачете, да имате бессмислен секс со личност која сте ја запознале пред пет минути.. Бидејќи оваа другата опција е самодеструктивна незрела казна која сами себе си ја одредувате, а од која нема да излезе ништо добро.

17. Не успеало, затоа што не било она вистинското!

Најважната лекција која треба да ја научите, затоа што ќе ви помогне да продолжите понатаму и да го пронајдете партнерот кој навистина е добар за вас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag