Музичарот од Виена бесен на старлетата и нејзините изјави и статуси.
Музичарот Раде Чокан, кој ја остави Ивона Неговановиќ Цуца после 10 месеци врска побесне кога го виде нејзиниот статус на Фејсбук во кој вели дека секогаш ќе го сака и дека не може да се помири што и се вратил на жена си Злата.
Музичарот од Виена тврди дека пејачката се огласила на социјалните мрежи за да му го уништи бракот, но дека нема да и го дозволи тоа. Цуца, која тврди дека со години е љубовница на Шабан Шаулиќ, постојано ја шокира јавноста со своите постапки.
Сепак Чокан вели дека добро ја познава и дека таа ја прави сета драма со Шабан за да го направи љубоморен.
Цуца е револтирана и тоа што го напиша на Фејсбук го направи во пијана состојба. Неодамна беше во Виена, ме прогонуваше. Во истиот миг ја сместив во авион и ја испратив за Белград.
Тогаш ги викна новинарите за да ја снимат со Шабан. Му смести на човекот за да ме направи љубоморен. Мислеше дека ќе ме испровоцира со тоа. Не ме интересира каква функција има таа во животот на Шабан, мене тоа не ми пречи. Не ми е грижа и нема да ја оставам жена ми, која е упатена во целата ситуација од самиот почеток.
Цуца веќе не бира начин за да ме раздели од жена ми и полека ја трга маската. Жално е што медиумите отстапуваат место за нејзините приказни, но јас ќе откријам шокантни информации за неа кога ќе дојде време. Не и е доволно тоа што пред сите ме запроси за својот роденден, а јас ја одбив. Иако се организираше како за свадба, од фустан до торта, знаеше дека не сакам ништо сериозно. Јас ја сакам својата жена, со неа имам деца, изјави музичарот.