Актерот Џони Деп неодамна се појави на филмскиот фестивал во Венеција, во придружба на младата сопруга Амбер Хер. Сепак, неговиот изглед не остави позитивен впечаток кај обожавателите.
Она што некогаш беше најголемиот заводник во Холивуд, Деп полека, но сигурно се трансформира во средовечен човек кој се бори со прекумерната тежина, а неговиот најнов изглед ги шокира и збуни многуте обожаватели.
Тој во Венеција се појави со подуено лицето, масна коса, но и со видлива прекумерна тежина. Сепак, она што најмногу ги збуни фанови е тоа што поранешниот холивудски заводник ставил златни навлаки на забите.
Последниве неколку месеци имаше гласини дека актерот се вратил на своите стари пороци и секојдневното пиење, што секако стана јасно минатата година, кога тотално пијан се појави на “Hollywood Film Awards”