
Поранешната детска ѕвезда Меколи Калкин кој се прослави со филмот „Сам дома“, веќе подолго време е познат зависник од хероин и таблети против болки.
Неколку пати во јавноста се пласираа информации дека тој се обидува да се извлече од пеколот на дрогата, меѓутоа неговите нови фотографии се доказ дека тој и понатаму изгледа прилично застрашувачки.

Калкин претходно ја прекина и деветгодишната врска со актерката Мила Кунис. Оваа разделба Калкин наводно не можел да ја преживее, па токму затоа многумина велат дека Мила Кунис е причината поради која тој сакал да си го одземе животот и поради што побарал утеха во дрогата и алкохолот.

