Додека пејачката ги гледала и бодрела синовите за време на фудбалски натпревар, кој го напуштила 10 минути пред крајот, папарацо успеал да зумира дел од нејзиното тело кој не е воопшто ласкав.
Бритни Спирс во таа прилика покажала дека и понатаму варира со килограмите и дека целулит ѝ „кипе“ од сите страни.
Иако за себе може да си овозможи најквалитетна нега, која подразбира личен тренер, здрава храна, редовни масажи и креми против оваа досадна напаст, Бритни очигледно веќе со години не може да се избори со тоа.
Иако целулитот им е најголем непријател речиси на сите жени во светот, фановите се згрозени и коментираат дека е недопустливо некогашната убавица вака да се запушти.
На Бритни, се чини, дека нешто не ѝ било по волја кога се враќала од натпреварот, затоа што на една фотографија се гледа дека бесно ја отворила устата, како да вика по некого.
Инаку, поп принцезата, која се прослави со песната „Baby one more time”, некогаш изгледаше вака.