Азија Карера, која денес речиси не личи на себе, била уапсена во Јута бидејќи пијана управувала со автомобилот во кој се наоѓала и нејзината 10-годишна ќерка Каталина.
Минувачите пријавиле дека жена лежи онесвестена на клупа во близина на едно училиште во Сент Џорџ, а полицијата ја затекнала Карера во состојба на полусвест.
Ги одвела до својот автомобил и признала дека ја пренела својата ќерка во училиште во таква состојба.
Карера, според полицискиот извештај, “дувнала” повеќе од двојно од дозволената граница, а за време на тестот кој опфатил одење по права линија, паднала два пати.
Била уапсена за возење во пијана состојба и загрозување на безбедноста на детето.
Вистинското име на Азија Карера е Џенет Андреа Стајнхаузер. Таа има 41 година.
Под името Карера станала првата порно ѕвезда од азиско потекло која освоила “Порно Оскар”, односно наградата “AVN”, за актерка на годината. Со порнографија се занимавала од 1993-тата до 2003-тата година, а снимила повеќе од 400 филмови.
Детството го минала во Литл Силвер во Њу Џерси. Како дете учела да свири на пијано и два пати настапувала во Карнеги Хол пред да наполни 15 години. На 17 години побегнала од дома, поради големиот притисок од нејзините родители.
На почетокот на 90-тите настапувала во клубови како го-го танчерка. По фотографирањето за едно списание за возрасни, снимила демо порно филм во 1993-тата година. Кон крајот на таа година се преселила во Калифорнија за да стане порно актерка, а во 2003-тата година се повлекла од таа работа.
Пишувала сценарија, ги продуцирала и режирала филмовите во кои глумела. Исто така била задолжена и за шминката и фризурата на другите актерки во тие филмови. Таа изјавила и дека своето уметничко име го “позајмила” од актерката Тија Карера.
Во 1996-тата година се омажила со Бад Ли, режисер на порно филмови. Се развеле во 2003-тата година, но останале добри пријатели. Набрзо по разводот, повторно се омажила, овој пат за нутриционистот Дон Лемон, кој во 2006-тата година загинал во сообраќајна несреќа во Лас Вегас. Со него во 2005-тата година ја добила ќерката Каталина, и синот Доналд Едвард Трети, кој се родил 2 месеци по смртта на својот татко.