Некој кој навистина ве сака…

popara19 април, 20151min00
10

Постојано сме во потрага по вистинската личност која ќе ја сакаме и ќе нè сака и прифати токму онакви какви што сме, без да сака да нè менува. Онаа личност која ќе биде среќна и горда што сме покрај неа. Токму таа личност е онаа што висински нè сака и на која не треба да ѝ симнуваме ѕвезди за да сфати колку вредиме.

Не треба премногу труд пред некој кој навистина ве сака бидејќи тој/таа веќе ве прифатил онакви какви што сте.

Но, зошто да се трудите пред некого за да ве засака, кога ако бидете трпеливи и кога-тогаш човекот што навистина вреди да биде дел од вашиот живот ќе направи простор за и вие да бидете дел од неговиот.

Некој кој навистина ве сака:

  • Свесен/а е во каков хаос умеете да се најдете
  • Свесен/а е дека понекогаш сте неуредни
  • Дека некогаш тешко се излегува со вас на крај
  • Дека понекогаш сте тврдоглави
  • Љубоморни сте и тоа е во ред
  • Свесен/а е дека знаете да се налутите и добро се справува со тоа
  • Не му/ѝ пречи вашето нерасположение
  • Ги знае вашите маани

nekoj-koj-navistina-ve-saka 2

  • Никогаш, нема да ве извиси
  • Ќе знае да прости
  • Умее да се извини дури и кога е во право
  • Вашата среќа ќе биде и негова/нејзина среќа
  • Ќе ги сака вaшите несовршености
  • Не бара објаснувања
  • Во неговите/нејзините очи ќе се сретнете со целиот свет

… и без разлика на што било, ќе ве обожава неизмерно со целото срце и душа.

На крајот ќе сфатите дека вредело што сте ја чекале токму оваа личност која навистина ќе ве сака.

nekoj-koj-navistina-ve-saka 3