
Латино заводникот Енрике Иглезијас и руската тенисерка Ана Курникова се во врска речиси 14 години, но во последно време вешто се кријат и ретко се појавуваат заедно во јавноста.

Сепак, славната двојка неодамна направи исклучок, па папараците ги фотографирале додека излегувале од еден ресторан, а она што сите го забележале е изгледот на поранешната тенисерка.