
Тешко е да се поверува и изгледа просто неверојатно, но 23-годишната згодна Бразилка Рита Матос работи во Комуналното претпријатие.
Таа работи по 12 часа дневно и вели дека не се срами од тоа што ги чисти улиците на Рио де Жанеиро, бидејќи е чесна работа со која станала независна од 16 години.
– Луѓето често се изненадени кога ќе видат една убава девојка, чистач. Но, зошто чистачките по дефиниција мора да бидат грди?, вели таа.
Девојката доби многу понуди да работи како фото-модел, но вели, дури и да прифати, не се откажува од чистењето.



