Сестрата на Ким Кардашиан манекенката Кендал Џенер сака постари мажи, а ова е нејзиното ново момче.
Манекенката го запознала актерот на премиерата на филмот „Сонце“. Од тогаш двојката во неколку наврати е видена во ноќни излегувања.
Иако Орландо е без малку 20 години постар од Кендал, годините не претставуваат пречка за нивната врска.
– Разликата во годините не претставува ама баш никаков проблем за нив. Прерано е да се зборува повеќе или пак да се даваат прогнози, времето ќе покаже во која насока ќе се одвива нивната приказна –потврдил извор близок до двојката.
Бидејќи се шпекулираше дека Орландо имал романса и со Селена Гомез, Кендал по се изгледа дека не е единствената млада девојка со која актерот излегувал, прашањето е колку ќе потрае оваа врска.