Немој да играш со нечии чувства! Можеби моментално ја добиваш играта, но засекогаш го губиш човекот!

popara22 август, 20151min01
19

Кога некој се откажал од тебе…не труди се да бидеш дел од неговиот живот. Залудно е!

Така само го застануваш својот часовник…своето време.

Не барај пукнатина за да се вратиш онаму каде што нема место за тебе. Разбери!

И големите бродови потонале од мали пукнатини….

Крени ја главата и продолжи без да ги гледаш препреките пред тебе.

Тој што те отстранил од својот живот, само што го изгубил Тронот!

Зацртај си пред себе долга патека за одење и чекори слободно без колебање кон својата Иднина.

Не дозволувај твојата Интелигенција…Умешност и Креативност да ги има некој ,што едно мисли а друго зборува…

Таквите само ќе те заведат, а потоа ќе те повредат!

Сакај се себеси …зашто само самиот себеси можеш да бидеш Сонце кое ќе си го осветли патот наречен живот.

И од сега запомни!

Давај го само оној дел од тебе,кој нема да те боли кога ќе те остават сам под Месечината…

Не давај го своето срце никому, затоа што тој дел од телото,

ако го повредиш никогаш не ќе можеш да го излечиш. ..

Тој што те оставил веројатно бил скитник…

кој навикнал да се сели како Ластовиците…од едно во друго срце…

Пушти го нека заскита и нека се изгуби во далечината низ калдрмата наречена Пропаст!

…………………………………………………………………………………………………………………………………………………….

”Мојот карактер е тоа што сум јас, но моето однесување зависи од тоа што си ти”…

‘ Никогаш никому ништо не објаснувај …

зашто вистинските пријатели никогаш и не бараат објаснување …

а непријателите и онака нема да ви веруваат.”

”Човечката глупост нема граница, човек можеш да го дотераш и нашминкаш,

но глупоста не можеш да му ја измериш”.

”Кога бившиот/а ќе ти рече: “Никогаш нема да најдеш некој како мене”, ти одговори му: “Тоа е поентата”.

“Запомнете: паметни сте повеќе од што мислите,

храбри сте повеќе од што верувате и сте силни повеќе отколку што ви се чини!“

”Кога жената ќе ја штитиш како СЕСТРА, ќе ја сакаш како ЖЕНА,

и ќе ја почитуваш како МАЈКА, дури тогаш можеш да се наречеш МАЖ” !

”Личната среќа е невозможна без среќата на другите!“

”Насмевката е поевтина од струјата … а дава многу повеќе светлина!”

”Најтешко е кога околината не ти ја дава очекуваната подршка,

и кога од ден на ден позитивната енергија прераснува во дестимулација и секој ден ти е потежок и потежок.

Околината не можеме да ја смениме, но можеме да ја контролираме за да не ни го одвлече вниманието во погрешен правец за потоа и ние не станеме исти како … НЕА”

”Кога некој ќе ти каже дека бараш премногу, тоа е затоа што не може да ти дадe доволно…”

”Вистинската среќа доаѓа кога најмалку ја очекуваш”.

”Никогаш не пробувајте со две нозе колку е длабока реката.”

”Среќата не ја чинат победите… и трофеите собираат прашина…и аплаузите брзо стивнуваат…

Среќата ја чинат луѓето кои влегле во нашите животи… И собрале храброст да останат тука”…

”Најдобра перница е чистата совест”.

”Знаеме како да преживуваме, но не знаеме како да живееме.

Додадовме години на животот, но не и живот на годините”.

”Луѓето те повредуваат, Бог ќе те излечи. Луѓето те понижуваат,

Бог ќе те воздигне. Луѓето ти судат, Бог ќе те оправда. Луѓето те мразат, Бог те сака!”

“Ако некогаш на животниот пат паднеш, стани,

истреси ја прашината од неуспехот и продолжи понатаму, затоа што не губат оние што паднале, туку оние кои останале да лежат.”

“Ако се извинуваш, не значи дека се понижуваш.

Тоа значи дека се воздигнуваш над самиот себe.”

“Животот е премногу краток за да се разбудиш еден ден со каење,

затоа сакај, простувај и верувај дека на светот сè се случува со причина.”

Не го критикувај она што не можеш да го разбереш…“

“Во животот постои едно едноставно, но многу парадоксално правило:

Кога се обидуваме да ги промениме другите околу себе,ништо не се менува,

но кога почнуваме да се менуваме себе си, тогаш цел свет околу нас станува поинаков.

Значи дека единствено нешто што можеме да промениме е – самите себе,

а кога се менуваме себе ,секако го менуваме и светот околу нас…“

“Способноста можеби ќе те одведе и до врвот, но само карактерот може таму да те задржи!“

“Никој не може да направи да се чувствувате инфериорни без ваша согласност“

„ Секогаш простувајте им на своите непријатели. Ништо не ги нервира повеќе“

„ За секоја минути во која сте лути, губите шеесет секунди да бидете среќни. “

„ Животот е многу едноставен, а ние сепак инсистираме да го направиме комплициран“

„ Тој што има причина за живеење, може да поднесе се“

„ Животот не се состои од имање на добри карти, туку добра игра со картите кои ги имаме“

„ Животот не е проблем кој треба да биде решен, туку реалност која треба да биде доживеана“

„ Се додека постои живот, посои надеж!“

И за крај…

“Не суди за луѓето според нивниот изглед,

не суди за луѓето според нивните пари,

не ги навредувај луѓето дури и да го заслужуваат тоа,

затоа што навредувањето покажува дека и ти не си подобар.

Отвори го срцето за добрите луѓе, а затвори го за лошите. Секој не заслужува втора шанса…“

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag