Овој човек потрошил осум години трагајќи по своето изгубено милениче, а потоа се случило нешто што воопшто не го очекувал.
Ротвајлерот на Џошуа Едвардс исчезнал 2007. година.
Едвардс шест месеци активно се обидувал да го пронајде тримесечното кученце, и верувал дека некој го украл.
Меѓутоа, минатата недела Марија Елена забележала деветгодишен ротвајлер како лута по улица и решила да му го пронајде сопственикот.
Со читање на чипот ветеринарот ги дознал податоците на вистинскиот сопственик, но Едвардс воопшто не се надевал дека по 8 години повторно ќе го види своето куче.
Едвардс и неговото куче Дјук повторно се сретнале во болницата за животни, а оваа реакција е непроценлива. Погледнете и уверете се сами.