Замислете си бајковита венчавка во која младоженецот гордо станува и раскажува за тоа како ја запознал својата девојка од соништата…
„Ја видов на подиум како танцува, но исчезна пред да добијам можност да ја запознаам. Сепак, нејзината неверојатна убавина не ми излегуваше од глава и морав повторно да ја видам. Одлучив да објавам оглас на еден сајт. Немав што да изгубам. На мое големо изненадување го виде огласот, ми се јави, а на нашиот прв состанок знаев дека таа е личноста со која сакам да го поминам целиот живот.“
За жал, за оваа приказна може само да сонуваме.
Роузмери Каунтер своите слободни ноќи ги поминувала пиејќи вино и читајќи огласи под категоријата „пропуштени шанси“. Одеднаш го здогледала огласот за жена која неверојатно одговара на нејзиниот опис.
„Беше во хотелот Дрејк, витка, црвенокоса, во црна сатенска блуза. Не ти пријдов затоа што беше со пријателите“, напишал мистериозен маж.
„Никогаш претходно не сум го пробал ова, но морав да се обидам“.
Одлучила да одговори. На крајот од краиштата, кои се шансите нешто да се случи? Неколку мејлови подоцна, му испратила фотографија.
„Не можам да верувам! Навистина си ти!“
Приказната изгледала совршено. Договориле состанок и уште првата вечер таа била маѓепсана од смислата за хумор. Покрај тоа, тој бил вистински кавалер – онаков каков до тогаш не запознала.
„Ме убеди дека ќе му биде мило да ме земе од дома, плус и онака му ветил на неговиот брат дека ќе го однесе до аеродром. На враќање ме зема и отидовме на вечера.“
„Семејството ми е најважно во животот“, зборуваше додека заедно пиевме вино придружено со свеќи и романтична музика.
„Знам дека не би требало да ти го кажувам ова, но подготвен сум да се смирам. Единствено што ми треба е вистинска девојка“, рече како ова да е нашиот 15-ти состанок.
Ја опсипал со подароци, заедно го минувале секој слободен момент, а нејзините пријатели не можеле да веруваат колку брзо нивната врска стана сериозна.
Неколку денови подоцна, тој попуштил.
Обично тивок и мистериозен, овој пат започнал да плаче. Изгледа со денови од неа ја чувал најголемата тајна и барал начин како да и каже.
Бил оженет и под голем притисок. Татко на едно дете, второ на пат. Лажел и за неговиот брат. Личноста која ја возел до аеродромот била неговата сопруга која со детето отишла на посета кај родителите.
Како сè друго да не било доволно лошо, никогаш не ни бил во хотелот Дрејк.
Што се случило?
Овој оженет татко го измислил огласот за црвенокосата убавица, со надеж дека ќе му се јави осамена девојка која ќе се пронајде во описот. За жал, тоа и се случило.
Романсата завршила, неговата жена се вратила од пат. Очекувано, денес се разведени.
Учете од туѓите грешки – убаво е да верувате во судбина, но сродната душа тешко дека ќе ја пронајдете во својот инбокс.