Првите кои ме изневерија, беа моите родители. Се случи кога имав 3 години. Ме запишаа во градинка. Не ме прашаа и не ме оставија да се борам за правото на избор. Избраа наместо мене, убедени дека сум премногу мал, за да можам да одлучам.
Отидов на непознато место, кај непознати луѓе. Имаше многу деца, кои плачеа. За јадење имаше гриз. Објективно гледано, сите деца посетуваат градинка. Се забавуваат, играат интересни игри. Гледано низ мозокот на 3-годишно дете, јас бев ставен на место каде што не сакав да бидам. Се сеќавам дека за да ги казнам моите родители, ги терав секој ден да ми купуваат чоколадно јајце со играчка, како знак на одмазда, за она што ми го направија. Времето минуваше, јас се навикнував, а кутијата полна со играчки, стануваше се поголема. Тогаш не сфаќав дека тека е правилно, како што не сфаќав дека ова ќе биде моето прво неверство, предизвикано од некој кој многу го сакаш. Никогаш повеќе не јадев гриз…
Со животот учиш дека тој не е создаден така да ги исполнува сите твои барања. Без разлика колку се бориш, колку страдаш или сакаш нешто, понекогаш тоа едноставно не се остварува. Чекаш и се надеваш, викаш и молиш… но тоа не се случува. Понекогаш тоа е добро, друг пат те руши, но сепак на крајот ти излегуваш како победник. Зошто си ја научил најважната лекција во животот што може да ти ја даде самиот живот – дека треба да се бориш.
Неверството е признато од психолози како едно од најстаршните нешта исто колку и смртта и загубата на некој близок, кои предизвикуваат најголема болка. Нема фази, кои ти помагаат да ја преживееш. Освен: Откривањето, негирањето, болката и просветлувањето.
Откривањето дека човекот што го сакаш ти предизвикал вакво нешто. Негирањето дека не го сторил тоа. Болката од она што ти се случило. И просветлувањето дека сето тоа поминува, на еден или друг начин.
Кога човекот, кого најмногу го сакав ме изневери, јас поминав низ сите овие очигледни фази. Како и многу други луѓе. Почнав да ја барам вината прво во себе. Го анализирав однесувањето, гестовите, зборовите… Се обидував да ја откријам и најмалата причина за која ќе се фатам. Гранче на кое ќе се задржам. Но што и да правев, не можев да ја најдам.
Поминуваш денови, месеци, години со човек, кого мислиш дека го познаваш. Гледате забавни филмови, шетате во паркот, одите во дискотека, се смеете, имате ваша песна и ваш виц. Ваше место и ваша цел.
Ги градите основите на една заедничка иднина. Правите место за нови спомени, го планирате следниот одмор и следната можност. Додека еден ден, евентуално во ноември, го наоѓате изменет. Малку намуретн и малку замислен. Претрпе една метаморфоза, од човекот кој го познавав, до човекот во кој се претвори. Нема траги и докази за промена, но таа е видлива и очигледна. Таа е таму и чека да биде откриена.
Го прескокнувам делот со откривањето на неверството, бидејќи тоа е најтешко за опишување. Најболно и најкрваво…и се префрлам на местото по него.
Чувствата кои ги чувствуваш потоа, се многу. Од целосна лутина до тотален очај. И целосна безизлезност на дејството. Имаш три опции: да простиш, да не простиш и една трета опција што е помеѓун двете – да се предадеш.
Јас ја избрав најлесната од варјантите за мене – простив. И можеби заборавив. Продолжив како ништо да не се случило. Се насменував, кроев планови, не реков ништо.
Живеев, а се чинеше само постојам. Ја избрав улогата на жртва која никогаш нема да признае дека преживеала атентат. Атентат над чувствата, смопочитувањето… атентат над мојата личност. Тогаш не сфаќав дека ова е моето неверство. Неверство над мене самата.
И токму ова неверство е она кое никогаш нема да си го простам. Тоа што решив да го изберам човекот кого го сакам, пред човекот кој секогаш бил до мене. Избрав да се сожалувам себе, пред тоа да се откажам од некој друг. Прилично тешко е за објаснување.
Состојба на предавство над мене самата.
Затоа, ако сте претрпеле, преживеале и сте се опоравиле по неверство, мора да знаете едно важно решение – што ќе правите?
Дали ќе простите, дали нема да простите. Или ќе простите, но нема никогаш да заборавите. Најважно е да знаете дека што и да одберете, нема да промените ништо. Се ќе биде по старо. Но мора да се најде решение што ќе ви помогне барем да продолжите напред.
Можеби тоа е лекот за неверството… да продолжиш понатаму и никогаш повеќе да не се враќаш назад. Бидејќи минатото може да биде навистина многу болно понекогаш!