Ниедни пари на светот не можат да ја купат среќата

popara27 октомври, 20151min00
4

Секој ја сака удобноста што ја овозможуваат парите, но сепак тие не сè во животот.

Постојат нешта кои се поскапоцени и поважни од парите и од тоа што тие можат да го купат. Живееме во капиталистички свет во кој успехот во животот се мери преку парите и поседувањето на луксузни предмети, но вистината е дека парите не се гаранција за среќа и дека дури и на најбогатите луѓе им недостигаат многу работи во животот.

Со пари не можат да се купат некои од најважните нешта што постојат и се важни за секој човек.

Времето

Во реалноста, времето е единственото нешто кое можеме да го трошиме, но не и да го правиме. Времето не може да биде заборавено, украдено или позајмено. Без разлика колку пари некој да поседува, времето што веќе е потрошено никогаш не може да се врати назад. Токму затоа треба да се троши и посветува време на вистинските вредности и работи во животот.

Имаме еден живот кој брзо минува, една можност да оставиме некаква трага од нашето постоење. Можете да бидете најбогатиот човек на планетата, но ако немате време да го правите тоа што го сакате, тогаш парите немаат никаква вредност.

Љубовта

Со пари можат да се купат сексот и интимноста, но љубовта нема цена и не е на продажба. Всушност, во реалниот живот, богаташите мака мачат за да си пронајдат соодветен партнер или пријател бидејќи секој во нив гледа само пари, односно начин како да ги искористат.

Факт е дека парите го будат најлошото во човекот, тие се спротивност на љубовта.

Среќата

Океј, со пари можат да се купат различни предмети за забава како луксузни автомобили, скапа облека и слично, но не можат да се купат чувствата. Среќата е чувство кое не може да се купи со пари, бидејќи човекот треба да научи како да биде среќен и што е тоа што го прави среќен.

Всушност, не е воопшто лесно некој човек да биде среќен, за тоа е потребно да се вложи многу труд.

Храброста

Храброста секогаш не значи соочување со опасни ситуации, може да значи и соочување со самиот себеси и личните стравови. Секој стравува од неуспех, дека нема да се допадне некому и слично.

Храброста не е нешто што човекот може да го купи или продаде, понекогаш е потребно да се научи дека секој во животот веќе ја поседува.

Интелектот

Можете да ги купите сите книги во светот, да учите од најдобрите учители, да го имате најдоброто образование во светот, но со пари не можете да ја купите волјата за работа која е потребна за да го зголемите интелектуалниот капацитет.

Многу луѓе немаат познавања од општа култура бидејќи веруваат дека учењето не е важно. Денес живееме во време во кое информацијата е најлесно достапна и може многу да го промени животот. Секој може со леснотија да учи без да му се потребни многу пари.

Целта

Парите не се цел за живеење. Збогатувањето не им било главна цел на богатите луѓе, тие имале некоја идеја која ја реализирале. Човек без цел во животот е изгубен човек кој не знае што сака,  тој е збунет и без храброст да носи одлуки, затоа со целата душа го мрази сопствениот живот.

Целта во животот е можеби најважното нешто што еден човек го поседува, тоа не е нешто што може да се купи, туку нешто човек треба самиот да го пронајде, пишува Elite Daily.

Здравје

Најскапите клиники и лекови не можат сè – човечкото знање ги нема совладано сите болести кои ни се закануваат. Освен тоа, студиите покажуваат дека имотните луѓе почесто имаат здравствени проблеми поврзани со стресот околу стекнување и задржување на парите.

Внатрешен мир

Што ќе му се на некој милиони во банка ако нема чувство на спокој во сопствената душа? Можеби е филозофско прашање, но не е далеку од вистината. Богатството само по себе не е категорија која ја храни душата и дава чувство на емоционална стабилност, тоа се најнапред искрените односи кон себе и другите.

Среќно семејство

Семејството има огромна улога во нашето созревање, формирање ставови и чувство на припадност. Така среќните семејства имаат позитивно и здраво влијание на нејзините членови, додека семејствата чии членови се ладни и одалечени резултираат со чувство на осаменост. Тоа не може да го надоместат ниту најскапите поклони, одмори…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag