Никогаш да не заборавиме кои сме, што сме и што заслужуваме…

popara27 август, 20151min00
15

Секој го заслужува најдоброто или барем она што го посакува. Но, за жал, многу соништа остануваат недовршени, неисполнети затоа што правиме погрешен чекор. Се задоволуваме со малку и со она кое ни недостига.

Понекогаш сè што треба да направите е да си заминете. Подобро е да продолжите понатаму надевајќи се и барајќи го подоброто утре, отколку само делумно да се задоволите со она што е.

Она што мораш да го запомниш е дека:

– Ти не си нешто што поминува за неколку моменти. Не си ниту предмет за еднократна употреба. Замини си. Иако длабоко во себе повторно се бориш и се надеваш, понекогаш се задоволуваш и со малите трошки. Престани.

– Ти не си само нечија опција која е неважна во иднината. Без разлика на позицијата во моментот, мора да мислиш и на иднината. Не заслужуваш некој кој не знае да те цени, да те чува и да се бори за тебе.

– Ти не си доволна само за една вечер. Ти заслужуваш да бидеш покрај некој кој ќе ти го подари сето внимание и сите погледи, затоа што и ти го правиш истото.

– Ти не заслужуваш некој кој не те заслужува. Да му дозволиш некому да продолжи да се однесува со потценување и задоволување на ниските потреби, не е она што ти е потребно во животот. Оној кој е вреден за твоето внимание целиот фокус и целата посветеност му се насочени кон тебе.

– Ако ти ја вложуваш сета љубов, време и внимание за некого, а тој постојано те споредува со други, не ти треба. Колку и да ти е тешко да замижиш и да заминеш, само помисли дека ти заслужуваш некој кој ќе разбере што сакаш и тоа ќе ти го оствари.

Многу е едноставно, но понекогаш треба да се потсетиме на најважното:

„Никогаш да не заборавиме кои сме, што сме и што заслужуваме. Никогаш да не се задоволиме со помалку од она што заслужуваме“.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag