Секоја вечер пред да си легне да спие, Саманта Миклетвајт поставува два аларми на својот телефон.
Првиот ѕвони во 4 часот, таа станува од кревет и оди во бањата без да забележи нејзиниот сопруг. Таму ја вади шминката, која ја носела на себе, само за потоа да нанесе уште поголема количина на шминка.
И покрај тоа што повеќето ќе се согласат дека таа изгледа многу убаво и без шминка, сепак, Саманта никогаш не дозволила нејзиниот сопруг да ја види како таа изгледа природно.
-Се грижам дека нема да му се допаднам на мојот сопруг. Тој знае како изгледам само со шминка на мене. По малку е исцрпувачки да станувам секое утро и да се трудам да биде тоа пред да стане мојот сопруг, но мислам дека тој се заљуби во мене, во мене со шминка, објаснува Саманта, која со својот сопруг Вејн е во брак една година, а претходно се забавувале 3 години.
Но, Саманта не е единствената. Едно скорешно истражување покажало дека една третина од жените во светот, тајно се шминкаат од своите сопрузи, додека 3 % од нив никогаш не дозволиле сопругот да ги види без шминка.
Слична приказна делат и Силвија Џарет (70).
-Мојот сопруг никогаш ме нема видено без шминка. Јас само сакам да ја задржам романтиката во нашиот брак, изјавила Саманта која е во брак со Геоф (70), веќе 6 години.
Сузан Еванс (46)
-Моите пријатели сметаат дека сум површна личност, но јас само сакам да бидам убава и средена за мојот сопруг, тврди Сузан.