На Денот на победата, 9. мај, руската војска ќе добие бета верзија на „најпаметниот тенк“ петта генерација наречен „Армата“.
Фабриката „Уралвагонзавод“ после пет години го заврши производството на првата серија тенкови и тешки транспортери „армата“.
Дваесет тенкови веќе се готови и доставени за програмата за обука на војниците.
Точните карактеристики и изглед на тенкот ќе бидат видени на парадата по повод Денот на победата, на Црвениот плоштад, 9-ти мај.
Според медиумите, „Армата“ е комбинација од сите најважни иновации во последниве десетина години.
На куполата ќе се наоѓа и топ, кој ќе служи за разни мети, како што се нисколетечки авиони и хеликоптери.
Главното оружје – тежок митралез – ќе биде во состојба да спречи проектили кои доаѓаат, поточно да неутрализира гранати кои се приближуваат со брзина и од 3.000 метри во секунда.
„Армата“ се смета за еден од најбезбедните тенкови на светот. Овој ѕвер е комплетно компјутеризиран, така што ќе може да го управуваат само двајца војници.
Според првичните проценки, на Русите им се потребни околу 2.300 вакви тенкови.