Ева Лонгорија сними фотосесија во својот дом за списанието „People“, а преку кратко видео ги покани обожавателите да ѕирнат како изгледаат нејзината кујна и дневна соба.
Ѕвездата од „Очајни домаќинки“ позираше пред објективот на Клиф Ватс.
Во интервјуто за списанието, Ева зборуваше за создавањето на семејство и раѓањето на деца на нејзина возраст. „Штотуку наполнив 40 години, па си помислувам дали не ми истекува времето. Би требало да мислам на деца, но се чувствувам како мојот живот да е исполнет“ – рекла таа и дополнила дека трите деца на нејзиниот свршеник ѝ се прекрасен подарок.
Лонгорија неодамна го прифати предлогот за брак на Хозе Антонио Бастон. Погледнете и фотографии од прославата за свршувачката.