Samsung објави нова реклама за својот најдобар телефон, Galaxy S6 Edge, во која пробува да ги наброи сите новитети, карактеристики и предности на овој модел за само 60 секунди. Да погледнеме зашто телефонот е еден од најдобрите во светот…
Samsung се фокусира на сите аспекти кои го прават посебен телефонот – почнувајќи од куќиштето кое е изработено од предно и задно Gorilla Glass 4 стакло и зацврстено со алуминиумска рамка, па се до заоблениот екран со QuadHD резолуција кој нема да го најдете кај ниеден друг телефон.
Процесорот на телефонот е исто така уникатен само за Galaxy S6 Edge – Exynos 7420 процесор произведен од Samsung, со 8 јадра, 64-битна архитектура и екстремно моќни перформанси, а надополнет е со 3GB LPDDR4 RAM меморија и UFS 2.0 простор за складирање на податоци, кој е неколку пати побрз од конкурентите. Камерата на задната страна е со резолуција од 16 мегапиксели со оптичка стабилизација на сликата, LED блиц и можност за снимање на 4K видео.
Предната камера е со резолуција од 5 мегапиксели и уште поважно, широко-аголна леќа која е одлична за групни #selfie фотографии. Погледнете ја рекламата и кажете ни дали навистина Galaxy S6 Edge е најдобриот телефон на планетата?