
Преубавата манекенка Џиџи Хадид потврди дека изгледа сјајно и без трошка шминка споделувајќи селфи фотографија од својот кревет на Инстаграм.

Џиџи ги изненади сите со ова потполно природно издание, без трошка шминка на лицето докажувајќи дека природната убавина е бесценета и незаменлива.
Инаку, Џиџи кога не се излежува на креветот, таа шета на модните писти низ светските престолнини и е дел од најпознатите модни кампањи, па многу често знае да изненади и со нејзините трансформации. Така беше и за време на забавата на Ноќта на вештерките во организација на Хајди Клум на која се појави како Оливија Њутон Џон, односно како ликот Синди од познатиот мјузикл Брилијант покажувајќи ја на сите нејзината занесна фигура.

Инаку, новина поврзана со Џиџи е и тоа дека ќе биде дел од ревијата на Викторија Сикрет. Оваа вест беше објавена на Инстаграм профилот на брендот каде беше соопштено дека Хадид е ангажирана за снимање на краткото видео кое ќе се снима во Њујорк и кое ќе претставува еден вид тизер за ревијата, а досега има снимано и неколку едиторијали и каталози во кои ја промовираше линијата VS пинк.


Покрај ова меѓу вљубеничките во модата се погласно се шушка дека на годинешната ревија на Викторија Сикрет би можело да се појави и нејзината сестра Бела која станува се попопуларна во светот на модата.