Новиот Galaxy S6

popara2 март, 20151min00
111

Samsung официјално ги претстави новите Galaxy S6 и Galaxy S6 Edge, веројатно најочекуваните Android телефони на светот. Да погледнеме дали вредеше чекањето и возбудата околу овие модели…

Пред се, новиот Galaxy S6 воведува најголеми промени од аспект на дизајнот. На предната страна добиваме 5,1 инчен QuadHD екран на допир со Super AMOLED технологија. Samsung е познат по екрани со живи бои и контрасти, така што Galaxy S6 не би требало да биде исклучок.

Екранот е заштитен со Gorilla Glass 4, така што гребаниците не би требало да бидат проблем. Рамката на самото куќиште е изработена од метал, а дел од јавноста по објавувањето на моделот се жали дека изгледа премногу слично на iPhone 6.

На задната страна овојпат добиваме стаклено куќиште кои судејќи според промотивните фотографии и видео, навистина изгледа одлично. Стаклото и овојпат е изработено од Gorilla Glass 4, така што би требало да се минимизираат гребаниците. Дебелината на уредот е само 6,8 милиметри (помалку од iPhone 6), но овој дизајн носи и свои недостатоци.

Пред се, телефонот веќе не поседува IP67 сертификат за отпорност на вода и прашина, но освен тоа две поголеми негативности се недостатокот на слот за MicroSD картичка и немањето можност самите да го извадите задното куќиште и да ја промените батеријата.

Во внатрешноста на самиот телефон се наоѓа новиот Exynos 7420 процесор, со 64-битна архитектура и 8 јадра кои работат на 2,1GHz и на 1,5GHz. Ова е надополнето со 3GB LPDDR4 RAM, како и простор за складирање на податоци од стандардни 32 гигабајти. Samsung за првпат користи UFA 2.0 меморија, што би требало да доведе до побрз пристап до податоците и помала потрошувачка на батеријата.

Како што споменавме, со Galaxy S6 повеќе немате можност за проширување на меморијата со помош на MicroSD картичка.

TouchWiz интерфејсот овојпат имплементира минимимални промени на оригиналниот Android, што би требало да доведе до подобрени перформанси и корисничко искуство. Меѓу стандардните функции се Ultra Power Saving модот, S Finder и Private Mode.

Камерата останува со резолуција од 16 мегапиксели, но добива значителни подобрувања. Со f/1.9 леќа, оптичка стабилизација на сликата и автоматско HDR во реално време, Galaxy S6 би требало да биде на самиот врв кога станува збор за фотографирање. На предната страна не очекува 5 мегапикселна камера со широко-аголна, f/1.9 леќа, перфектна за групни #selfie фотографии.

 

Батеријата на телефонот е со големина од 2,550 милиампер часови, што можеби изгледа премало за денешни стандарди, но Samsung ветува одлична оптимизација при работењето. Тука е и поддршката за безжично полнење, како и подобрување на процесор за полнење за цели 150%.

Телефонот ќе доаѓа во четири различни бои, а основната цена за верзијата со 32GB во Европа се очекува да биде 699 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag