Новиот Mercedes-Benz G500 4×4² концепт

popara2 март, 20151min00
23
Новиот G500 4×4² концепт ќе ги потенцира теренските способности на G-Class линијата со подигната суспензија, масивни 22-инчни тркала и пневматици кои се позајмени од неодамна распродадениот G63 AMG 6×6 модел.

 


Mercedes очигледно сфатил дека тајната во побарувачката по единствени теренци се состои и во ограничените количини, а со оглед на фактот дека тие продадоа 100 примерока од G63 AMG 6×6 ѕверови на шест тркала, овој концепт го креираа за сите љубители на теренско возење кои се во потрага по слични перформанси кои ќе ги поседува едно возило кое сепак ќе може да се смести и во гаража со просечни димензии.

Германскиот гигант исто така со овој концепт претстави и нова шасија, а најважно е сепак она што се крие под хаубата: twin-turbo 4.0-литарски V8 агрегат кој е развиен од страна на Mercedes-AMG за линијата на автомобили кои нудат исклучително високи перформанси. За овој концепт моторот е нагоден да произведува 422 КС поддржувајќи го Euro 6 стандардот.


Покрај сите останати модификации, G500 4×4² е висок речиси 2.30 метра и широк 2 метра, додека клиренсот изнесува импресивни 45 сантиметра, во однос на 21 сантиметар кај стандардната G-Class.

Внатрешноста на кабината претставува комбинација на спортски и луксузни материјали. На седиштата, контролната табла, централната конзола и потпирачите за раце доминира високо квалитетна кожа во црна боја, а Mercedes во соопштението наведува дека одлуката за сериска верзија на G500 4×4² концептот ќе настапи после реакциите на публиката и купувачите во текот на премиерата на женевскиот саем кон почетокот на месец март.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag