Студентите од Сараево, кои го одбележаа почетокот на втората сезона од најпознатото музичко реално шоу, X-Factor, за само еден ден добија илјада обожавателки.
Аднан Пацоли (20) и Тарик Муламеровиќ (19) најпрво во X-Factor се претставија со баладата „Zute dunje“ и тоа што едниот свиреше гитара и пееше, а другиот изведуваше битбокс. По втората песна жирито веќе беше на нозе и сакаше да ја чуе и третата нумера. Освен жирито и публиката остана воодушевена.
– Ни пристигаа голем број барања на друштвените мрежи од девојки, а телефоните постојано ни ѕвонат. Не подржуваат и млади и стари. Пресреќни сме, велат Аднан и Тарик.
Тие откриваат дека се запознале пред 4 години на хуманитарен концерт и од тогаш свират заедно. Сепак, признаваат дека додека настапувале на X-Factor имале голема трема.
– Од трема едвај се претставивме. Меѓутоа кога публиката ни даде аплауз, тремата исчезна. Интересно е тоа што прв пат го посетивме Белград благодарение на X-Factor, навистина беше незаборавно, вели Тарик и додава: Најискрено, не сакавме да се натпреваруваме одвоено. Веќе некое време планиравме заедно да се пријавиме и ете тоа ни се исплати. Ние сме тим. Се надеваме дека X-Factor нам ќе ни биде влезна врата во нашите кариери. Ќе се обидеме да стигнеме што подалеку и би биле пресреќни ако на крај победиме, велат овие момци.
https://www.youtube.com/watch?v=-hviwOKFlrk