
Јелена Карлеуша ја шокирала публиката на неодамнешното снимање на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Навикнати на нејзиниот фотошопиран изглед на Инстаграм, каде што со помош на разни филтери изгледа беспрекорно, присутните се изненадиле кога виделе како пејачката изгледа во живо.
Таа била облечена во тесен црн фустан со длабок шлиц, кој ги открил нејзините нозе полни со целулит. Иако е свесна дека е здебелена и нозете не и изгледаат како порано, таа гордо танцувала, како да е се на свое место.
Кога сфатила дека ја руши репутацијата на совршена ѕвезда, почнала полека да го спушта фустанот, а понатаму во текот на емисијата веќе не станала да танцува. Тоа не му се допадало на Шабан Шаулиќ кој е слаб на женска голотија, но вниманието го насочил кон згодните кандидатки.
Карлеуша веќе не изгледа како некогаш, ниту во пределот на стомакот, но ниту во нозете, така што би требало да води сметка за облекувањето кога се појавува пред јавност.
