Објавена првата фотосесија на познатиот атлетичар Брус Џенер како жена

popara2 јуни, 20151min00
Објавена првата фотосесија на познатиот атлетичар Брус Џенер како жена

Популарниот олимпиец позираше како жена за угледното списание „Vanity Fair“. Фотосесијата ја потпишува легендарната фотографка Ени Либовиц.

Брус Џенер за првпат се претстави пред светот како жена. Очувот на сестрите Кардашијан и таткото на Кендал и Кајли Џенер го објави својот нов идентитет – Кејтлин Џенер.

Џенер беше во брак со Крис Џенер речиси 24 години. По разделбата, 65-годишиот поранешен спортист реши да ја открие својата голема тајна, а сега веќе официјално се збогува со својот машки идентитет.