Од кои мажи не може да се очекува верност

popara31 мај, 20151min00
9

Потешко е да се најде спротивна опција, но причините за изневерување се сосема различни, тврдат психолозите.

Како што е познато, мажот е полигамно суштество. И ако тој сеуште не ве изневерил, тоа во повеќето случаи значи дека или односите се формираат во моментов и неверството е веќе прашање на време, или тоа е заслуга на жената, која успеала да го открие “љубовното расположение” и да го спречи неверството. Така сметаат психолозите-автори на написот во Psychology Today, според кој можат да бидат дефинирани 6 типа мажи, од кои не треба да се очекува да бидат верни:

1. Бунтовно дете

Во односите со жените тој ја игра улогата на “синче”. Ова често се изразува со преголемо повлекување од “играчки за возрасни” (на пример, компјутерски игри) или фалби пред пријателите. Жената бара од него постапка или однесување што одговара на неговата машкост, но тој не е способен да се справи со тоа и единственото нешто што може да го направи е да се буни (исто како децата). Неговото неверство е отворена демонстрација кон жената, дека таа не може да го контролира 100% неговиот живот.

2. Си игра со оган

Овој тип на маж страда од зголемен нагон кон ризикот. Причината за неверството на таков човек е страсна желба да биде фатен на местото на злосторството. Тој може на пример да започне врска со сестрата на жена си или со девојката на својот пријател, бидејќи е опседнат од желбата да изврши некоја авантура или нешто забрането.

3. Слободна птица

Тој верува дека мажот е цар и бог и не може да биде зависен од жената. Бракот не може да ја ограничи неговата слобода, тој е само доказ за тоа дека жената е негова сопственост и тој може да се однесува кон неа како сака. Не ги крие своите врски, уште повеќе – ги демонстрира, се гордее со нив и ги смета за знак на својата машкост. Каење и грижа на совест не чувствува, бидејќи според неговите сфаќања не прави ништо лошо.

4. Пресметувач

Семејните односи одамна престанале да бидат атрактивни за него. Страста е изгубена и тој всушност сака патиштата со некогаш сопруга да се разделат засекогаш. Но, исто така знае дека ако стане иницијатор за разводот, неговата жена може да го направи неговиот живот пекол. Затоа продолжува да живее со неа, прикривајќи се зад чувството на долг и изневерува без грижа на совест, бидејќи за него бракот одамна е завршен.

5. Освојувач на срца

Овој човек е ловец. Тој во голема мера е привлечен од самиот процес на освојување на жената, а не од крајниот резултат. Подготвен е на сè. Но кога “пленот” е во неговите раце, губи интерес и повторно заминува на лов. Тој е вешт познавач на женските желби. Затоа заведена од него жената е подготвена да му ги прости сите грешки, а на тој начин всушност му открива патишта за нови и бескрајни освојувања.

6. Бара оправданија

Семејните односи на овој човек не се толку лоши, за да се прекинат, но не се и толку добри. Ако тој ја избере разделбата, би се чувствувал виновен. Затоа решава да ја лаже својата партнерка со надеж дека таа сама ќе ја избере разделбата, кога ќе дознае за неговите авантури.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag