Необично откритие ги шокираше граѓаните на Австралија, кога од водата беше извадена ајкула, каква што не виделе повеќе од 85 години.
Џејмс Овен и неговиот екипаж сосем случајно ја уловиле ајкулата долга повеќе од 6 метри и тешка три тони.
Тие решиле наместо да го продадат месото од риба, да ја донираат ретката ајкула за научно- истражувачка работа.
Ќе се направат детални испитувања и на тој начин ќе се добие целосната слика за овој вид на ајкула.
https://www.youtube.com/watch?v=fXEZSogw5YM