Однесувајте се како дама: 5 бонтон правила кои мора да ги почитувате!

popara19 мај, 20151min00
3

Иако бонтон правилата понекогаш ни изгледаат како одамна да исчезнале од нашето општество, верувајте некои од нив сеуште се применуваат и денес.

Тоа што сте жена автоматски не ве прави дама. Кога повеќето луѓе ќе го слушнат зборот “дама“, веднаш помислуваат на старомодна здодевна жена, која заборавила како да се забавува и која не е успешна ниту има некакви амбиции.

Тоа е така, особено поради ѕвездите како Ким Кардашијан, кои се идоли за многу девојки. Па затоа да се биде дама не е нешто кон кое тежнеат денешните млади жени.

Да се биде дама, едноставно значи да се има бонтон, самопочит, стил и да се биде почитувана. Да знаете како да се однесувате во секоја ситуација и да уживате во различни аспекти од животот.

Ви нудиме 5 бонтон правила кои се применуваат и денес. Навистина не треба да бидете родени со златна лажичка во устата за да можете да ги практикувате и да се однесувате како дама.

odnesuvajte se kako dama 02

1. Внимавајте како се изразувате

Многу луѓе имаат свои мали пцости, а на некои дури секој втор збор им е таков, но тоа не значи дека таквото однесување е пристојно и прифатливо.

Траба да го познавате друштвото во кое се наоѓате и да знаете каков речник да користите, верувајте, тоа е нешто што секоја вистинска дама го знае.

Да се користат пцости или вулгарности не е соодветно ниту нешто што дама би го изговорила, затоа внимавајте што излегува од вашата уста и секако адаптирајте се на ситуацијата.

2. Исполнувајте ги вашите ветувања

Сите знаеме по некоја личност која никогаш не ги исполнува своите ветувања, и на сите ни е јасно колку е досадно тоа.
Затоа, немојте да бидете таква личност, и практикувајте го тоа што го проповедате. Луѓето треба да знаат дека можат да му веруваат на вашиот збор.

3. Првиот впечаток

Постои само една шанса да направите добар прв впечаток, затоа осигурајте се да дадете се од себе за да бидете запаметена како жена со неверојатна насмевка, а не како девојче кое сеуште има остатоци од храна во устата кога се претставува себе си.

Бидете пристапни и имајте позитивен став кон луѓето.

odnesuvajte se kako dama 03

4. Чувајте го вашиот телефон во ташна

Навистина не е културно, постојано да го држите вашиот телефон во рака и да зјапате во него на секоја минута.

Кога сте во друштво, чувајте го вашиот телефон во ташна и ставете го на вибрации. Ако очекувате некој важен повик, информирајте ги останатите дека треба да примите важен повик.

5. Облечете се соодветно

Да бидете облечени убаво и да бидете облечени соодветно, е сосема различна работа.
Без разлика колку и да ви се допаѓа вашиот нов макси фустан кој си го купивте за ова лето, да го носите на интервју за работа не е ни место ни време.

Од друга страна пак, ако не сте сигурни за тоа како треба да се облечете, подобро би било да се облечете поформално наместо лежерно.

Презентацијата кажува многу за личноста, па затоа секогаш осигурајте се вашата облека да е чиста, средена и испеглана до совршенство.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag