Оној ден кога ќе си ги смениме улогите! Во животот се се враќа!

popara4 февруари, 20151min00
7

Не верувам дека постои човек што не знае што значи менување на улогите во љубовта. Тоа е моментот кога некого си сакал со целото свое срце и душа, а тој не го оценил тоа. Но времето лекува и ти забораваш, а тој – никогаш! Тој се вљубува во тебе точно во моментот кога ќе свати дека те изгубил! И по тој повод решив да споделам со вас една приказна која можеби ќе ви звучи доста познато.

Тој: Не сум те видел така расположена долго време.

Таа: Не си се свртел назад долго време.

Тој: Поубава си од порано. Заборавив како ти светеа очите кога ме гледаше.

Таа: Јас се сеќавам – ти сам се откажа од нив.

Тој: Ти беше сеуште мала, бараше премногу внимание, јас сакав да се чувствувам слободен.

Таа: Сега си слободен.

Тој: Но сега сум осамен.

Таа: Зошто?

Тој: Затоа што никој нема потреба од моето внимание.

Таа: Зошто ме гледаш така?

Тој: Ти ги гледам очите.

Таа: И што виде во нив?

Тој: Гледам колку многу си ме сакала, и колку те болело.

Таа: Како препозна?

Тој: Гледаш рамнодушно, со истиот поглед со кој јас те гледав на времето, а сега јас те гледам исто како моментот кога ти ме погледна и свати дека си ме изгубила засекогаш!

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma