Оригиналната рецепта за прочистување и лечење е од 1940-та година, смислена од нутриционистот Стенли Бороу, со која се лекувал чир на желудник и други здравствени проблеми. Но, идејата било една недела да се пијат до 12 чаши дневно, а да не се јаде ништо.
Но, подоцна Стенли забележал дека истиот пијалак, ако не се употребува за лечење, туку само за слабеење, допринесува за побрзо топење на килограмите без разлика дали се консумира храна или не.
- Која е тајната зад овој пијалак?
Лимоните природно ги чистат цревата затоа што се полни со витамин Ц и калиум. Тие се и природни антибактериски агенти кои ги лечат дигестивните инфекции и го зајакнуваат имунитетот. А, јасно ви е дека, добрата дигестија и празнење, носат и помалку килограми.
Медот помага да се намалат килограмите особено кога е искористен како замена за другите шеќери. Тој помага и во чистењето на црниот дроб, а го намалува и нивото на стрес хормони во организмот.
Црвениот пипер содржи капсaцин, кој ја зголемува температурата во телото, ја забрзува циркулацијата, а тоа помага во побрзо и полесно топење на калориите.
Кога крвта циркулира оптимално, со себе ги носи и исфрла токсините од дигестивниот систем преку природниот процес на елиминација.
- Како да го направите пијалакот?
Состојки:
2 лимони
4 лажици органски мед
половина лажица црвен пипер (лут)
филтрирана вода
Медот измешајте го со млака вода (200 мл). Додадете го сокот од лимон, а потоа и пиперот. Повторно промешајте, па префрлете во бокал или шише од еден литар и дополнете до крај со вода. Готово!
Испијте една чаша наутро на празен желудник, и преку ден секогаш кога се чувствувате жедни, за да ја довршите целата количина од 1 л. во текот на денот