Откако неодамна почина белиот носорог од чешката зоолошка градина, овој редок животински вид, кој до минатата есен имаше шест члена, сега се сведе на четири примероци.
Набир, 31-годишната женка, го заврши животот во зоолошката градина каде што е и родена. Таа не успеа да остави потомство поради цистата на матката, од која на крајот и настрадала.
– Нејзината смрт е катастрофален пад на популацијата на белите носорози, која пред сѐ е загрозена поради човечката алчност. Нивниот вид е на самиот раб пред исчезнување – изјавил директорот на зоолошката градина.
Другите три женки се исто така стари, така што и тие на свет нема да донесат млади, а последниот мажјак од белиот носорог се наоѓа во резерват во Кенија, каде што е направен последниот обид видот да се продолжи вештачки.
Сепак зоолошката градина во Сан Диего сѐ уште не се откажа од сопствената мисија, па моментално работи на собирање генетички материјал за генот на белиот носорог да остане зачуван.
Вработените во чешката зоолошка исто така по смртта на Набир го отстранија нејзиниот здрав јајник, надевајќи се дека јајце-клетките ќе може да ги имплантираат кај близок роднина на белиот носорог – јужниот бел носорог.
Научниците, сепак, немаат развиено успешен метод на вештачко оплодување бели носорози.