Осум знаци дека и ти си Индиго: Тие се интелигентни, со голема душа, уникатни и многу специјални…

popara15 август, 201518min00
8

Најверојатно сте слушнале за луѓето Индиго. Тие носат исклучително богата душа, суперинтелигентни се, а нивната мисија е да бидат лидери и да им го покажат патот на другите. Се смета дека имаат мистични способности кои често не ги осознаваат и не секогаш успеваат да ги развијат. А знаете ли дека можеби вие сте еден од нив? Еве како ќе препознаете…

Се чувствувате различни

Како да не сте од овој свет. Не разбирате зошто луѓето размислуваат и се однесуваат на тој начин. Општо кажано, како да не припаѓате тука. И најверојатно е така! Луѓето Индиго имаат одредена мисија која треба да ја реализираат на одредено место. Затоа ќе треба да направите промени. Престанете да контактирате со луѓето кои ви носат немир, бидејќи во спротивно никогаш нема да најдете хармонија.

Чувствувате постојан гнев

Луѓето Индиго се многу умни и способни. Токму затоа и самодовербата им е многу висока. Тие се дразнат од глупоста и недостатокот на амбиции кај другите. Најмногу се нервираат кога нивните способности не се деоволно оценети. Имајте во предвид дека треба да го совладате тој гнев и да го трансформирате во нешто добро.

Вечно сте во опозиција

Индигото е постојано против хиерархијата. Не поднесуваат наредби и контрола. Обично стануваат лидери и ги организираат другите за да си ги заштитат правата и интересите.

Никој не може да ве излаже

Типично за луѓето Индиго е да ја намирисаат лагата од километри. Понекогаш се фаќаат за јадицата поради општествено наментнатите верувања или добрината. Но секогаш еден внатрешен глас им вели дека нешто не е во ред. Тие имаат многу силно развиена интуиција.

Вие сте навистина уникатни

Чувствувате дека сте различни и специјални. А и другите ви велат дека ретко среќаваат луѓе како вас. Освен тоа имате голема потреба за да ја изразите својата автентичност но ретко среќавате разбирање. Најдобро е да се поврзете со друг Индиго, за да има човек кој ќе ве разбере и со кој ќе споделувате.

Многу силни емоции

Знаете да сакате толку силно, што понекогаш не знаете што да правите со целата таа љубов. Обично наоѓате објект на кој да ја дадете – човек од семејството, партнер или миленик. Вие сте крајно емотивна личност и ја чувствувате болката и плачот на целиот свет.

Имате проблем со сонот

Индиго речиси никогаш не си легнуваат рано. Тие размислуваат. Дури и да немаат конкретен проблем, во свеста буквално им лутаат илјадници мисли, идеи, разигуруваат ситуации и евентуални идни настани.

Чувствувате дека не сте дошле случајно на овој свет

Внатрешно знаете дека не сте случаен човек. Дека имате некаква мисија. Чувствувате дека наблизу е денот кога јасно ќе го видите својот пат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag