Комбинацијата на броеви на Вашето име покажува дали и колку ќе успеете да остварите добивка. Можете да проверите на следниов начин: напишете го своето име и презиме, па потоа најдете го зборот кој одговара на секоја буква. Одвоено соберете ги броевите од името и презимето, а потоа соберете ги добиените два броја. Собирајте сѐ додека не добиете едноцифрен број.
А, И, Ј = 1
Б, К, Р =2
Ц, Г, Л, С, Ќ, Ч, Ш, Љ = 3
Д, М, Т, Ѓ, Џ = 4
Е, Х, Н, Њ = 5
У, В = 6
О, З, Ж, Ѕ = 7
Ф, П = 8
1
Луѓето кои ќе го добијат број 1 настојуваат секогаш да бидат први. Тие се трудат
совршено да ја извршуваат својата работа, бидејќи од тоа зависи нивното
самопочитување. Работодавачите многу ги ценат луѓето со број 1. Повеќе ги
интересира самата рабоата отколку стекнувањето капитал.
2
Носителите на бројот 2 секогаш до себе имаат партнери кои им помагаат да дојдат
до пари. Нивните партнери или ги издржуваат или ги вработуваат или им
обезбедуваат услови за реализација на своите деловни потенцијали. Способноста на
личностите со број 2 најмногу доаѓа до израз во тим, па така тие најмногу ќе
заработуваат и напредуваат како тим
3
Број 3 многу ги сакаат парите, но до нив доаѓаат само кога ќе им тргне од рака бизнисот да го поврзат со својата голема потреба да се забавуваат. Без талент и среќа, тие живеат од споредни, несигурни заработки. Богатството ќе го стекнат само ако имаат вистински талент или луда среќа.
4
Четворките до ништо во животот не стигнуваат лесно. Мораат да вложуваат многу напори за секој успех. Тие се приморани да одбиваат работи кои вистински ги привлекуваат поради сигурни и подобро платени работи. Во принцип се големи работници, а нивниот успех секогаш ќе биде оправдан и заслужен, но судбината, не ги наградува секој пат.
5
Бројот 5 говори дека луѓето се опуштени личности, а најголемите заработувачки ги чекаат на патувањата и во странство. Тие лесно ја менуваат дејноста, па никогаш нема да бидат сиромашни. Имаат многу таленти кои добро се плаќаат.
6
Тие бараат истомисленици и поврзаност. Најчесто успесите ќе ги постигнуваат низ семејниот бизнис, а ако се занимаваат со некоја креативна работа, тогаш тоа е низ ко‐авторство. Парадоксот на бројот 6 е во тоа дека што повеќе даваат, толку повеќе имаат. Ако не успеат да работата во заедница, може да се случи целиот живот да го поминат во сиромаштија.
7
Главна особина на бројот 7 е аналитичност. Финансиите не ги интересираат премногу, а во состојба се да работат само за идеи. Би ја жртвувале и благосостојбата за да се занимаваат со нешто што навистина го сакаат и во тоа веруваат.
8
Број 8 секогаш тежнее кон материјални и конкретни резултати. Ним им е најважно да е добро платено она што го работат. Тие никогаш и ништо не работат од чист ентузијазам, бидејќи работа заради работа воопшто не ги привлекува. Целиот живот можат да работат нешто што суштински не ги интересира само ако е добро платено.
9
Од една страна, тежнеат за работа која ќе има глобално влијание и помош кои ќе можат да го усреќат целото човештво, а од друга страна тежнеат таквата дејност да им донесе брз, лесен и голем профит