Отворен првиот „Канабис хотел“ во Колорадо

popara11 мај, 20151min00
1

Мотелите „Bud & Breakfast“  работат врз т.н. принцип „420 канабис култура“, кој ја означува навиката на конзумирање канабис во 4:20 часот претпладне и 16:20 часот попладне.

Поседување и конзумирање на оваа опојна дрога во американската држава Колорадо е легално за сите лица постари од 21 година. Иако конзумирање на јавни места е забрането, хотелите сепак имаат поголема слобода во однос на законите.

На гостите на хотелот „Bud & Breakfast“  на располагање им се различни реквизити за уживање марихуана, масажи со лековити дејства, како и „Wake & Bake“ појадок кој, освен кафе и кроасани вклучува и додаток од сатива марихуана, позната по тоа што на организмот му дава енергија.

Целиот проект е идеа на поранешниот адвокат Џел Шнајдер, кој пред да се пресели во Колорадо, бил вработен во Њујорк..

– Во светот не постојат две места како ова. Ни доаѓаат гости од Јапонија, Англија, Нов Зеланд, на возраст од 25 до 75 години, само затоа што нудиме нешто поинакво. Планираме наскоро да го прошириме бизнисот и нашите клиенти ги вклучиме во различни случувања како часови по хортикултура, готвење со канабис итн., изјави Шнајдер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag