Трогателното видео на Јутјуб го објави Брет Бенет од Вашингтон скршен од глетката на која сведочел. Во текот на ноќта угинал Ханк, едно од двете негови кучиња, а другото куче, инаку брат на Ханк, Брутус, не можело да ја сокрие тагата.
Легнало врз безживотното тело на својот брат и со насолзени очи одбивало да се тргне.
Бенет се обидел да го утеши Брутус, но залудно. Брутус и Ханк се дел од исто легло и биле нераздвојни од нивното раѓање.