Погледнете го овој неверојатен изум – автопат над вода. Необичниот автопат е пуштен во употреба на 9. август во провинцијата Хубеи, во централна Кина.
Преубавите слики го покажуваат новиот пат и возачите кои се буквално над вода.
Покрај неверојатниот поглед кој ќе го имаат возачите, овој пат е и корисен. Ќе го скрати времето на патување од Ксингшана, така што патот кој претходно беше час и половина, сега е 20 минути.
Новиот пат веќе го носи називот “Автопат над вода”.