Ова е официјално најдобриот телефон на светот

popara22 јануари, 20151min00
4

Xiaomi вчера официјално го претстави уредот Note Pro, phablet кој поседува навистина импресивни спецификации. Хардверски гледано, ова е најдобриот и најмоќниот телефон на светот!

Да започнеме со 5,7 инчниот екран изработен од JDI, кој поседува QuadHD резолуција од 2560 x 1440 пиксели. Ова доведува до густина на пиксели од 515ppi (pixels per inch), една од највисоките на пазарот. Со тоа, Note Pro влегува во елитното друштво на уреди како Galaxy Note 4, Nexus 6 и LG G3 со оваа резолуција.

Екранот ја користи negative display технологијата на Sharp, со што драстично се намалува потрошувачката на батеријата – скоро како FullHD екран од оваа големина.

Под хаубата се наоѓа навистина импресивен хардвер – новиот и моќен octa-core Snapdragon 810 процесор, надополнет со неверојатни 4GB RAM (постојат само два телефони на пазарот со оваа количина на меморија), целосно искористувајќи ја 64-битната архитектура на Android 5.0. Според првичните бенчмарк тестови, овој процесор може да биде двојно побрз од Snapdragon 805, кој се наоѓа во конкурентските Nexus 6 и Galaxy Note 4.

Телефонот поседува и вграден Hi-Fi аудио процесор, и два засилувачи изработени од Texas Instruments.

На задната страна ќе најдете 13 мегапикселна камера изработена од Sony, со двоен LED блиц и оптичка стабилизација на сликата, додека пак на предната страна не очекува 4 мегапикселна UltraPixel камера.

Големината на батеријата е 3,000 милиампер часови, со што телефонот би требало да ви издржи повеќе од еден ден.

Дебелината на телефонот е неверојатни 6,95 милиметри (идентично колку iPhone 6), а добивате поддршка за две сим-картички и висок 64 гигабајтен простор за складирање на податоци. Цената на телефонот е 454 евра, а нарачките започнуваат на 27-ми јануари.

Се согласувате дека овој телефон е подобар од сите останати на пазарот?

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag