
Сопствениците на кучиња често ги учат своите миленици на разни трикови, меѓу кои и животното да се преправа дека е мртво. Меѓутоа, оваа чивава постави нови стандарди кога станува збор за глумата.
На интернет кружи снимка на куче кое не го поднесува синот на сопственикот. Кога и да дојде во рацете на синот, чивавата почнува да глуми дека е мртва и толку вешто го прави тоа, што Филмската академија би можела без проблеми да и додели „Оскар“ за перформансот.