
Прочуениот британски готвач и познатото тв лице, Џејми Оливер, уште од мали нозе ја сакал својата сегашна професија. И тогаш најмногу време минувал во кујната на ресторанот којшто го воделе неговите родители, подготвувајќи ги своите први специјалитети.
И самиот признава дека како дете бил исклучително немирен и темпераментен и поради тоа започнал да води шоу во кое ги обучувал младите луѓе како да бидат добри готвачи, како би ги извлекол од тешките друштвени или материјални ситуации.

Тој бил инспириран од фактот дека бил немирно момче кое лесно паѓало во секакви неволји. Во неговиот ресторан “Fifteen” ширум светот работат токму ученици од тоа шоу.
Како момче, Џејми сакал да јаде чудни нешта. Ги спојувал слатките и солените вкусови, а омилено јадење му било сè што содржело месо од лосос.

Денес, Џејми Оливер е лидер во својата работа и е дефинитивно најпознат готвач на светот. Тој до сега објави 17 книги за готвење и има мноштво од успешни емиси кои имаат милионска гледаност.
