Ова се паровите кои според хороскопот се осудени на пропаст!

popara25 февруари, 20153min00
13

Некои врски, ако верувате во астрологијата, едноставно не можат да успеат. Затоа поштедете се себе си од разочарување па видете кои знаци никако не се за вас.

ovenОвен и Близнаци

Овните се секогаш расположени за нови љубовни авантури, па често во врска се впуштаат непромислено. Не сакаат луѓе кои многу кукаат. Не се согласуваат со Рибите, кои се премногу емоционални за нив, со Близнаците постојано се расправаат и со Девиците.

Taurus zodiac sign as a beautiful girlБикот никако со Стрелец

Со Биковите управува Венера, па тие се совршени за сериозна врска, но дури кога ќе најдат некој што им одговара. До тогаш уживаат во врскички. Најлошо се согласуваат со Овен, со кој поради јаките карактери често се расправаат, со Близнаците и со Стрелците.

bliznaciБлизнаците не се согласуваат со Рибите

Близнаците лесно се вљубуваат, но исто така лесно и престануваат да сакаат ако се разочарани. Ги одбиваат предвидливи луѓе. Во љубовта најлошо се согласуваат со Бик, кои се премалку амбициозни за нив, со Рак кои се премногу предвидливи и со Риби.

Cancer zodiac sign as a beautiful girlНа Ракот не му оди со Овенот

Раковите се романтични души кои сакаат да се трудат околу вистинската љубов. Ги одбива егоизмот, а во врските најлошо се согласуваат со Стрелецот и покрај големата привлечност, затоа што никогаш не се сигурни во нив. Освен тоа, лошо функционираат и со Близнаци.

lavЛавот не може со Близнаците

Лавот во врската сака да почувствва сигурност и дека е на прво место на партнерот. Ги одбиваат луѓе кои постојано се грижат и пренесуваат лоша енергија. За нив најлоши партнери се Близнаците, кои премногу размислуваат, Рибите, кои ненамерно ќе ги повредат и Јарците.

Virgo zodiac sign as a beautiful girlНа Девицата не и одговара Вагата

Тие внимателно го избираат партнерот, па тешко донесуваат одлука за некого да се врзат. Ги одбиваат пасивни луѓе и оние кои мудруваат. Најлошо им е со Овен, кои се поставуваат директорски над нив, но не им е сјајно ни со Вага, кои не ја разбираат нивната критичност.

vagaВагата не се согласува со Ракот

Вагите ги одбиваат оние кои лажат и кои не им оставаат впечаток дека се доверливи. Не можат со Девиците, кои се премногу комплицирани за нив, со Шкорпии кои им се премногу песимистични и со Раковите кои се премногу традиционални.

skorpijaШкорпијата не функционира со Овенот

Таа бара врски во кои ќе се чувствува исполнето. Најлоши се во комбинација со Овенот, со кои често се расправаат, со Близнаци кои ја поттикнуваат нивната љубомора, и со Стрелец со кои не се чувствува сигурно.

strelecСтрелецот не може со Бикот

Тие во љубовт сакаат се или ништо. Ги одбиваат меланхолични и оние кои не знаат што би со себе. Стрелците се најлоши во комбинација со Бик, кој за нив е премногу посесивен, со Рак кој не е спонтан и со Девица.

jarecЈарецот не е за врска со Овен

Јарецот на прв поглед изгледа како љубовта да не му е важна, но всушност така се брани од разочарувања. За нив не се врски со Овен, кои ги сметаат за нестрпливи и наивни, со Близнаци затоа што мислат дека немаат идеал кон кој тежат, како ни со Стрелец.

vodolijaВодолија и Бик

Лесно се вљубуваат, но во врската се чувствуваат како да се заробени. Ги одбиваат неморални и провидни луѓе. Тие во љубовта не се согласуваат со Бик, затоа што не можат да им дадат сигурност, со Раковите кои им се досадни и со Девиците.

ribiРибите не можат со Овен

Рибите бараат идеален партнер од соништата, а ги одбиваат оние кои се однесуваат неразумно и оние кои имаат површни погледи на живот. Не се согласуваат со Овните кои им се агресивни и нетактични, со Близнаци кои немаат разбирање за другите и со Лавовите кои лесно може да манипулираат со нив.