Не барате од него само да ја одигра улогата која сте му ја доделиле
Еден од најголемите стравови кои мажите ги имаат е дека жената очајнички бара маж – и дека секој ќе одговара.
Мажите сакаат партнер кој ќе ги прифати поради нив самите. Истиот момент кога ќе сфати дека постојат скриени планови, покрај оние подобро да се запознаете, мажот автоматски ќе се затвори во себе и неговата заљубеност ќе спласне.
Покажете му дека не ви е проблем да заминете
Кога мажот мисли дека целиот ваш живот се врти околу него и дека веќе сте одлучиле дека тој е „тој вистнскиот“ и пред да зборувате за иднината, ќе почувствува притисок.
И не само тоа, ќе смета дека мора да ги исполни вашите очекувања, но во исто време ќе биде нервозен поради можниот неуспех. Наместо тоа, мора да му покажете дека сте пребирливи – ставете му до знаење дека, иако ви се допаѓа, сепак имате опции и дека контролирате сè што ви се случува во животот.
Како да го направите ова?
Покажете му дека имате живот и надвор од вашата врска. Занимавајте се со вашето хоби, излегувајте со пријателите и семејството, подобрете ја вашата кариера и живот. Тогаш, тој ќе биде среќен што во вашиот живот има место и за него и ќе се бори тука да остане.
Неговиот живот е многу подобар со вас во него
Создавајте позитивни искуства заедно со него. Мажите не можете едноставно да ги натерате на врска, туку мора да создадете вистинска атмосфера која ќе доведе до негови емотивни реакции.
Вистинска атмосфера подразбира да правите работи во кои и двајцата уживате. Сите тие радосни случки ќе му покажат дека сте девојка која е спонтана и разиграна, а тоа е тип на жена по која секој маж би полудел.